Легендата на италијанскиот фудбал, Андреа Пирло вели дека „разговарал со многу луѓе“ од клубовите и од италијанската репрезентација за својата иднина, но дека нема направено одлука што понатаму по крајот на фудбалската кариера.
Пирло се повлече од спортот по крајот на американската МЛС сезона во 2017, завршувајќи ја кариерата со Њујорк сити ФЦ, а го очекува уште еден меч – прошталниот на „Сан Сиро“ на 19 мај, неговиот 39. роденден.
„Навистина не знам, но само што сопрев со играње фудбал. Имам време да изберам смирено, разговарав со доста луѓе, од италијанскиот национален тим, но и од клубовите. Ќе имам време да размислам. Сакам да се поздравам со италијанскиот народ и со колегите со кои играв во прошталниот меч, но во моментов мислам само на одмор по долгата кариера. Ако има нешто убаво за правење, ќе се обидам да изберам умно“, вели Пирло во интервју за „Медиасет“.
Фото: ЕПА