Top Sport

Златан vs Шек: XL vs XXXL!

Златан Ибрахимовиќ не е човек кој честопати гледа нагоре кон некого, но на гостувањето на НБА мечот меѓу Лос Анџелес лејкерс и Минесота тимбервулвс, конечно најде таков човек – Шекил О’Нил.

Шведскиот напаѓач се навикнува на животот како играч на Лос Анџелес галакси, и се пофали со средбата со 2.16 метри високиот Шекил со едноставна порака „ XL vs XXXL!“. Ибра самиот не е низок човек – има 1.95 метри.

Ибрахимовиќ, кој претходно го гледаше и НХЛ тимот на Лос Анџелес кингс во акција, во „Стејплс центарот“ беше придружуван со неговата партнерка Хелена Сегер и нивните деца Максимилијан и Винсент. О’Нил играше за Лејкерси од 1996 до 2004.

XL vs XXXL @shaq

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic) on

Scroll to Top