Фудбалскиот клуб Црвена Звезда е казнет со два меча играње пред празни трибини и со парична казна од 30.000 евра затоа што Златан Ибрахимовиќ на стадионот „Рајко Митиќ“ беше навредуван на национална и верска основа.
Српскиот шампион следниот европски натпревар ќе го игра без гледачи (доколку поради Ковид мерките тогаш биде дозволено присуство на публика), а казната за вториот меч е условна и ќе се активира ако ваква слична ситуација се повтори во рок од една година.
За потсетување, на мечот Црвена Звезда – Милан во рамки на Лига Европа одигран во Белград од новинарската ложа беа упатени навреди кон Ибрахимовиќ откако тој го прослави голот на неговата екипа.
Потсетување на инцидентот:
На следниот меч во Европа белградскиот клуб ќе мора да излезе на теренот со транспарент „Не за расизмот“.