Никола Јокиќ, со нов трипл-дабл, го предводеше Денвер Нагетс до победата над Мајами Хит 123:106.
Јокиќ, го забележа 15 трипл-дабл во сезоната, 56. во кариерата, натпреварот со Мајами го заврши со 17 поени, 10 скока и 11 асистенции. Српскиот центар успеа да забележи трипл-дабл, иако погоди само шест од 14 обиди од поле.
Сезонава повеќе трипл-дабл учиноци од Јокиќ забележал само Расел Вестбрук (23).
Денвер до триумфот, со кој ја прекинаа низата од два порази (Бостон и Голден стејт), го предводеа Мајкл Порттер јуниор со 25 поени и 10 скока, односно Џамајкл Грин со 17 поени.
Деневер се наоѓаат на четвртото место на Западот, додека Мајами се седми на Истокот.