Гоце Груевски, поранешен голман на македонската репрезентација, почина во Австралина на 46-годишна возраст. Веста, за смртта на Груевски, на социјалните мрежи, ја објави неговиот клуб Престон Лајонс. Не се познати причините за смртта на поранешниот голман.
Груевски, во кариерата, настапувал за Победа, Слога југомагнат, Работнички, Беласица и Вардар. Кариерата ја завршил во 2009 година, во Престон лајонс.
За Македонија, бранел на осум натпревари во 2000 и 2001 година.