Елиминацијата од Рома во Лигата на шампионите би можело дополнително да ја испразни касата на Атлетико Мадрид, пишува „Мундо депортиво“.
Весникот тврди дека Барселона ќе потроши дополнителна сума на пари во летниот преоден рок, за да го засили тимот, а во Атлетико биле подготвени да му понудат годишна плата од 20 милиони евра само за да ги одбијат налетите на тимот од „Ноу Камп“.
Доколку Гризман се согласи да потпише нов договор, тогаш и неговата откупна клаузула ќе биде многу поголема, од онаа што ја има во актуелниот договор, а која изнесува „само“ 100 милиони евра.
Весникот се прашува дали Атлетико сака да потпише нов договор со Французинот за да ја одбие Барселона или пак за да заработи повеќе пари од неговиот трансфер во Барса или некој друг клуб.
Понатаму се пишува дека Барселона мора да пазари во летниот преоден рок бидејќи скапо платенито Осман Дембеле се уште не ги оправдал очекувањата, а Кутињо уште се адаптира на новиот тим. Поради тоа Гризман и е неопходен на Барселона.
Инаку изминатите месеци Шпанците тврдеа дека Гризман се договорил со Барселона, меѓутоа тој самиот за телевизијата „ТФ1“ ги негираше тие наводи.
Антоан Гризман оваа сезона постигнал 25 гола и 11 пати им асистирал на соиграчите. Доколку ги прифати условите на Атлетико, тој ќе биде третиот накплатен фудбалер во Шпанија, зад Лео Меси и Кристијано Роналдо.