Top Sport

Дурент сака нов договор и повеќе пари

Крилниот кошаркар на Голден Стејт Вориорс Кевин Дурент нема да ја искористи опцијата што ја има во договорот, која му овозможува за 26,3 милиони долари да ја продолжи соработката со тимот и за сезоната 2018/2019.

Дурент (29), како што пренесува ЕСПН, би потпишал нов договор, но за повеќе пари. Минатата сезона играчот потпиша договор со Голден Стејт до летото 2019 година тежок 51,3 милиони долари. Ваквиот договор му овозможи на клубот да ги задржи Андре Игудала и Шон Ливингстон.

Меѓутоа, оваа година еден од најдобрите играчи во лигата нема причина да се согласи да заработува помалку пари.

Оваа сезона тој ќе инкасира 25 милиони долари, а на платниот список пред него е само Стеф кари (34,7 милиони долари).

Поранешниот играч на Оклахома во НБА лигата влезе како втор пик на драфтот во 2007 година. Досега во кариерата заработил 135.209.108 долари.

Во тековната сезона Дурент има просек од 26,4 поени, 6,8 скока и 5,4 асистенции по натпревар.

Scroll to Top