Фудбалска Аргентина се радува што Барселона испадна од Лигата на шампионите. Причината е Лионел Меси, најдобриот аргентински фудбалер, кој во финишот на сезоната ќе има три тешки натшревари помалку.
Светскиот шампионат ќе започне во јуни, а Аргентинците сонуваат дека Меси може да ги однесе до титулата, која „гаучосите“ ја чекаат уште од 1986 година.
Поради тоа Аргентинците се задоволни што Барселона нема да игра во полу-финалето во Лигата на шампионите.
„Ла Насион“ излезе со наслов: „Убава вест за Аргентина: Меси испадна“, додека „Оле“, пишува дека: „испаѓањето на Барселона има и позитивна страна. Лео Меси на Мундијалот ќе патува со три тешки натпревари помалку“.