Додека европските фудбалски фанови гледаа Лига на шампиони, ирачките фанови првпат од раните 1990-ти имаа шанси да гледаат интернационален клупски меч на домашно тло.
Мечот на „Карбала спортс“ стадионот меѓу Ал-Завра од Багдад и Ал-Ахед од Бејрут во АФЦ купот заврши 1:1, но славјето на ирачките фанови беше огромно.
„Светот виде дека Ирак има доволно направено заз да организира и шампионат“, изјави еден навивач на Ал-Завра, Али Есам за „АФП“.
Од утрото, автомобилите беа наредени на влезот на Карбала, шиитскиот свет град на 60-тина километри јужно од Багдад, полнејќи го стадионот од 30.000 седишта.
„Ова беше многу важен меч за нас. Играме пред нашите фанови и мораме да го искористиме тоа“, вели тренерот на Ал-Завра, Ајуб Удишо.
ФИФА забрани одржување на интернационални натпревари во Ирак во 1990-та, но во март реши дека конечно се исполнети условите за враќање на фудбалот во азиската земја, откако лани неколку пријателски мечеви поминаа без инциденти.
Сепак, засега само три стадиони имаат дозвола од ФИФА – тој во Карбала, најмодерниот стадион во земјата во Барса и главниот стадион во престолнината на Ирачки Курдистан, Арбил.