Top Sport

Ловрен од „загубен во преводот“ до вистински херој на Ливерпул

Хрватскиот дефанзивец Дејан Ловрен немаше најдобар старт на сезоната, кога дури добиваше и морбидни закани за него и неговото семејство од најзагреаните навивачи на Ливерпул, но по 2:1 победата над Манчестер сити во вториот меч од четврт-финалето од ЛШ, сите се согласни – тој беше човекот на мечот.

Габриел Жесус постигна гол по само две минути за да ги зголеми стравувањата на „Црвените“ за кам-бек по 3:0 поразот во првиот меч, но еден човек беше најзаслужен што остана така во првото полувреме – стабилниот Ловрен, кој ги надмина сите очекувања.

Покрај ова, Ловрен по мечот призна дека им одржал „мала лекција“ на соиграчите во соблекувалната.

„Искрено, малку им викав на полувремето. Им кажав на момците дека мораат да се разбудат бидејќи не играме добро. Клоп се согласи и сакаше јас и Виргил ван Дајк да бидеме покомпактни и да го туркаме тимот напред, што беше тешко кога Сити ја имаше топката. Но, тоа беше позитивно. Сезоната можеше да биде подобра да не беа тие први шест-седум натпревари од шампионатот. Следната година ќе бидеме подобри“, вели Ловрен.

На Твитер, навивачите се согласија дека Ловрен е „човекот на мечот“.

Фото: ЕПА

На Клоп му е доста од Дејан Ловрен!

Морбидна закана до Ловрен: Ќе ти го убиеме семејството

Scroll to Top