Тинејџерот Џамал Мусиала, го врати Баерн Минхен на предност од седум бода во однос на Лајпциг. 18-годишникот, постигна два гола во победата на Баерн од 2:3, во Волфсбург. Во дербито на ова коло Борусија Менхенгладбах го декласира Ајнтрахт со 4:0.
На „Фолксвакен“ арена во Волсбург, Баерн со головите на Мусиала и Чупо-Мотиг, стекна предност од 2:0 по 24 минути игра. Најдобриот стрелец на „волците“ Вегхорст намали во 35.минута, а Мусиала со својот втор гол две минути подоцна им ја врати предноста од два гола на Баварците.
Во вториот дел, падна само еден гол и тоа во мрежата на Баерн. Филип во 54.минута го намали резултатот на 2:3.
Борусија го прегази Ајнтрахт со 4:0. Четворица играчи ги постигнаа головите за „Колтовите“. Гонтер погоди во првото, а Хофман, Бенсебиани и Волф во второто полувреме.
На поразите на Волфсбург и Ајнтрахт најмногу им се израдуваа во Дортмунд. Доколку, утре, Борусија го победи Вердер, ќе ја намали разликата во однос на тимовите кои се наоѓаат на третото и четвртото место на четири односно пет бода.
На другите натпревари одиграни попладнево Унион Берлин го победи Штитгарт со 2:1, Фрајбург го совлада шалке со 4:0, а без голови одиграа Аугсбург и Арминија.