Top Sport

Фулам имаше сламка за спас на „Емирати“ – ја испушти во 97 минута

По четири порази во низа во Премиерлигата, екипата на Фулам попладнево малку фалеше со три бода да се врати од гостувањето кај градскиот ривал Арсенал. Сепак имаше поделба на бодовите, 1-1.

0-1 стоеше на семафорот по 90 минути на „Емирати“, а голот кој носеше надеж за опстанок во лигата на клубот од „Кревин котиџ“ го постигна Џош Маја во 59 минута од пенал.

Во првото полувреме „топчите“ постигнаа погодок во 40 минута, но истиот беше поништен по ВАР сигнализација.

Сепак домаќините им откинаа два веќе впишани бодови на гостите. Во 97 минута од мечот Нкети се погрижи за покривање на срамот на „топчиите“, погоди за конечни 1-1.

Фулам собра 27 бода на 33 натпревари, но се уште е на -6 од Брајтон, односно Барнли кој воедно имаат и 2 меча повеќа за играње до крајот на сезоната во Премиерлигата.

Фудбалерите на Микел Артета, пак, остануваат на деветата позиција со 45 бода, без посебни изгледи идната сезона да обезбедат пласман во некој од европските натпреварувања.

Scroll to Top