Top Sport

УЕФА ќе им дозволи на одметниците да ја завршат сезоната

УЕФА нема намера да го наруши интегритетот на Лигата на шампионите и Лига Европа и ќе им дозволи на одметниците да ја завршат тековната сезона. УЕФА нема да им го одземе ниту логото на честа, кои го носат клубовите кои три пати во низа, или најмалку пет пати победиле во Купот односно Лигата на шампиони.

Актуелната европска сезона стигна до полу-финалето. Во Лигата на шампионите за финале се борат Реал и Челси, односно ПСЖ и Манчестер сити, додека во Лига Европа во полу-финалето се Рома и Манчестер јунајтед, односно Арсенал и Виљареал.

Пет од овие осум клуба се меѓу оние 12 кои решија да ја основаат Суперлигата.

УЕФА засега нема да ги казни овие клубови, веројатно се надеваат дека со некаков дијалог ќе успеат да ги убедат да се откажат од нивната намера.

„Марка“, пишува дека парите се главната причина, поради која клубовите се решија да основаат Суперлига. Победникот во Лигата на шампионите, според сегашниот модел, ќе заработи околу 120 милиони евра, додека според плановите на Суперлигата, победникот во ова натпреварување ќе добие 400 милиони евра.

Исто така, клубовите директно и индивидуално ќе преговарале за спонзорските договори и телевизиските права.

На тој начин „одметниците“ би ја минимизирале штетата која им ја предизвика пандемијата на коронавирусот.

Scroll to Top