Top Sport

Лазаров го објави списокот за дуелите со Финска и Швајцарија

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за претстојните квалификациски натпревари со репрезентациите на Финска и Швајцарија за пласман на Европското првенство во 2022.

За време на ЕХФ неделата, Македонија ќе ги одигра двата последни натпревари од квалификациската група. Македонија прво ќе гостува во Финска на 28.април, а на 02.мај во CЦ “Јане Сандански”, ќе ја пречека Швајцарија.

По првите четири кола, во групата во која е и светскиот првак Данска, Македонија има три победи и еден пораз.

Фото/macedoniahandball.com.mk

Scroll to Top