Top Sport

Расел Вестбрук испиша историја (Видео)

Расел Вестбрук, плејмејкерот на Оклахома Сити тандер, изминатата ноќ испиша нови страници во историјата на НБА лигата. Популарниот Броди стана првиот играч во историјата штој две последовни сезони завршил со трипл-дабл просек. Вестбрук зад себе го остави легендарниот Оскар Робертсон.

Оклахома, во последниот натпревар во регуларниот дел од сезоната, запиша лесна победа над Мемфис 137:123, а Вестбрук натпреварот го заврши со шест поени, 20 скока и 19 асистенции.

Актуелниот МВП во лигата и минатата сезона ја заврши со двоцифрени бројки во три статистички категории.

Регуларниот дел од сезоната 2017/2018 Вестбрук ја заврши со просек од 25,4 поени, 10,2 асистенции и 10,1 скок.

Scroll to Top