Top Sport

Најголемата глупост на Бернабеу ја направи Серхио Рамос

Лоша вест пристигна на „Сантијаго Бернабеу“, во моментите додека Реал го славеше контроверзниот пласман во полу-финалето, во Лигата на шампионите.

Серхио Рамос, поради суспензија го пропушти четврт-финалниот реванш со Јувентус (1:3), меѓутоа тој финишот од второто полувреме го следеше од тунелот, што води кон соблекувалните.

Камерите го „уловија“ Рамос како стои пред тунелот, потоа како се расправа со Алегри, кога беше досуден сомнителниот пенал за Реал, и пота како се радува на голот што од пенал го постигна Роналдо.

Според правилникот на УЕФА доколку судиите забележат некој што не треба да биде во недозволениот простор, во кој спаѓа тунелот, му следи суспензија. Во наредните денови се очекува УЕФА да го потврди ова.

Scroll to Top