Top Sport

Флорентино (секако) заборави на Тотенхем!

Флорентино Перез, претседателот на Реал Мадрид и претседателот на Европската Суперлига во своето прво јавно појавување по формирањето на елитното натпреварување кое предивика бес кај навивачите и кај љубителите на фудбалот, не можеше да се сети на Тотенхем кога ги набројуваше англиските клубови.

74-годишниот Перез, ги набројуваше шесте клуба од Премиер лигата кои се членки на контроверзното натпреварување, и откако лесно ги наброја Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул и Арсенал, прво се потсети на Челси, а потоа со помош на водителот да го наброи и Тотенхем.

Фановите на клубот од северен Лондон на социјалните мрежи посочија дека ова е лош знак и дека значи дека клубот побргу треба да избега од ова „друштво“.

Scroll to Top