Top Sport

Ефес го „растури“ Реал во првиот меч од плејофот во Евролигата

Анадолу Ефес ја потврди фаворитската улога во првиот меч од четврт-финалето на Евролигата, доминирајќи со 90:63 над ослабениот Реал Мадрид.

Сертач Санли имаше 16 поени и осум скока, Родриге Бобоа имаше 19 поени, а за Ефес немаа најдобра партија ниту Василије Мициќ, ниту Шејн Ларкин, а стигнаа до убедлива победа. Клучот беше во третата четвртина, кога по тесното прво полувреме (44:40), Ефес направи серија од 18-5, за да ја потврди победата. Реал губеа со 14 поени на стартот на последната четвртина (64:50), а потоа Ефес повторно направија серија од 13:3.

Треј Томпкинс со само 13 поени беше најефикасен за „кралевите“, кои мораат да реагираат во вториот меч.

Scroll to Top