По повлекувањето на англиските клубови, во врска со новонастанатата ситуација се огласија од Суперлигата. „Заинтересирани“ за ова ново натпреварување се италијанските клубови (Јувантус, Интер, Милан) и шпанските (Реал, Барселона, Атлетико).
„Европската Суперлига верува дека моменталниот „статус кво“ во европскиот фудбал мора да се смени“.
„Предлагаме ново европско натпреварување, бидејќи постојниот систем не е добар. Нашиот предлог е насочен кон развојот на спортот и во исто време да генерира ресурси и стабилност за целата фудбалска пирамида, вклучително и помош за решавање на финансиските потешкотии предизвикани од пандемијата. Ова натпреварување ќе обезбеди материјално зголемени исплати за сите фудбалски актери“, објави Суперлигата и се осврна на повлекувањето на Англичаните од натпреварувањето:
„И покрај најавеното повлекување на англиските клубови, кои беа принудени да донесуваат вакви одлуки поради притисокот на кој беа изложени, убедени сме дека нашиот предлог е целосно во согласност со европските закони и правила, како што беше презентирано денес со судска одлука за заштита на Суперлигата од трети страни.
Со оглед на моменталните околности, ќе ги преиспитаме најадекватните чекори за преобликување на проектот, секогаш имајќи ја предвид нашата цел – да им понудиме на навивачите најдобро можно искуство, притоа обезбедувајќи исплати за солидарност на целата фудбалска заедница “.