Вчера стана јасно дека проектот – фудбалска Суперлига засега е неосттварлив, а англиските клубови беа тие кои први објавија дека се повлекуваат.
Гери Невил и Џејми Карагер – поранешните ривали од Манчестер Јунајтед, односно Ливерпул одлучни се дека актуелните сопственици на овие два клуба треба да ја напуштат позицијата.
„Не гледам како може да се продолжи моменталната ситуација во смисла за останување на актуелната сопственичка гарнитура на `Енфилд`. Јасно ми е дека нивните вложувања се големи, но не гледам иднина за нив во Ливерпул кога сето ова ќе заврши“ изјави Карагер.
Сличен е ставот и на Невил.
„Ед Вудворд го напушти `Олд Трафорд`, но мислам дека секој раководител кој учествувал во ова треба да се исфрли од клубот. Не постои начин на кој ќе може повторно да им се верува. Вудворд си замина најверојатно само делумно и за да ги избегне критиките, но мислам дека неговото време во клубот е при крај“ смета екс-дефанзивецот на „црвените ѓаволи“.
Карагер (43) во Ливерпул играше од 1996 до 2013 година, додека Невил беше дел од Јунајтед од 1992 до 2011 година.
И двајцата во кариерата настапуваа само за еден клуб.