Ванеса Брајант, вдовицата на НБА легендата Коби Брајант, ја прекина 18-годишната соработка со американскиот производител на спортска опрема „Најк“, објаснувајќи им на фановите дека ќе продолжи да се бори фановите да можат да ги носат неговите популарни патики.
Партнерството започна во 2003 година, кога поранешниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс ги напушти „Адидас“ за богато партнерство со „Најк“, со кои објави 11 препознатливи кошаркарски патики. Тој наводно потпиша петгодишно продолжување на договорот и по пензионирањето во 2016, по што неговата вдовица дозволи да се продолжи по неговата смрт во трагичната хеликоптерска несреќа заедно со ќерката Џана на почетокот на 2020.
По оваа трагедија, препродавачите ги кренаа високо патиките на Коби, а „Најк“ неколку пати објавуваше нови верзии. Сега, прекинот на партнерството значи дека фановите нема да можат да ги добијат посакуваните ограничени едиции, иако Ванеса Брајант вели дека ќе се бори за фановите.
„Коби и ‘Најк’ направија некои од најубавите кошаркарски патики во историјата, кои фановите и спортистите уште ги обожаваат. Се надевам дека ќе можат да ги продолжат да ги носат. Ќе се борам за тоа. Продуктите на Коби се продаваат во секунди и тоа кажува многу. Се надевав на доживотно партнерство со ‘Најк’ кое ќе ја почитува неговата легенда“, напиша Ванеса на социјалните мрежи.