Сандерленд ги презема сите можни мерки за да спречи навивачите на вечните северни ривали Њукасл да влезат на нивниот стадион додека клубот се подготвува за второ испаѓање од лига во две сезони.
„Црните мачки“ се моментално на претпоследното место во Чемпионшипот, англиската втора лига, на шест поени од безбедната зона на само четири меча до крајот на сезоната, откако лани испаднаа од Премиер лигата и главната загриженост е да не се случи „ситење“ на навивачите на Њукасл, кои се безбедни во елитата.
„Сандерленд се свесни за заканата на навивачите на Њукасл да дојдат во голема бројка на ‘Стадионот на светлината’ со единствена цел да се потсмеваат на мизеријата на клубот“, тврди „Дејли мејл“.
Опасноста може звучи смешна, но сличен инцидент веќе се има случено. Во 1987 година Сандерленд испадна во третата лига во меч во кој околу 1.000 навивачи на Њукасл се појавија на тогашниот стадион „Рокер парк“ да го гледаат плеј-офот за опстанок против Гилингем.
Фановите кои ќе сакаат да гледаат како клубот испаѓа во трета лига сега ќе мораат да купат билети преку официјалната веб-страница на клубот и ќе мораат да достават доказ дека не доаѓаат првпат на стадионот.