Top Sport

Хуманиот судија избришан од листата за ЕУРО 2020

Романскиот судија Октавијан Совре нема да суди на Европското првенство, објави новинарот Емануел Рошу на својот профил на Твитер. Јавноста го запозна Совре, кога по мечот на Манчестер сити и Борусија Дортмунд (2:1), во Лигата на шампионите, побара автограм од Ерлинг Халанд.

Судијата Совре од хумани причини побарал автограм од еден од најдобрите напаѓачи во светот на фудбалот. Автограмот го ставил на аукција, а парите ги донирал за помош на децата со аутизам.

Сепак, во Романија и УЕФА немале разбирање за неговиот хуман гест. Во Романија е суспендиран на неодредено време, а УЕФА го избриша од спискот на судии кои ќе судат на ЕУРО 2020.

Scroll to Top