Сопственикот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи е новиот претседател на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА). На функцијата тој дојде на местото на Андреа Ањели.
Претседателот на Јувентус, Ањели, поднесе оставка пред три дена, кога беше објавено дека Јувентус ќе биде дел од европската Суперлига.
На седницата, која е одржана два дена по објавта на 12 клубови, дека формирале ново натпреварување, Ал Келаифи добил најголем број од гласовите.
Во исто време нова функција доби и претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге, тој ќе биде претставник на ЕЦА во Извршниот одбор на УЕФА.