Горан Пандев во Серија А – 468 меча во Серија А, 100 гола, 55 асистенции, една титула од Серија А и една од Лигата на шампиони. 37-годишниот ветеран постигна 48 гола за Лацио, 5 за Интер, 20 за Наполи, еден за Анкона и 26 за Џенова.
До бројката од 100 гола во Серија А, Пандев дојде синоќа со двата гола против Беневенто, во ремито 2:2.
37-годишниот е тема на денот во Италија.
„Навистина никогаш не верував дека ќе постигнам толку многу голови. Јас не сум прв напаѓач, не сум класичен шпиц. Среќен сум за мојот рекорд, уште повеќе што го остварувам со дресот на најстариот клуб во Италија.Опстанокот на клубот во Серија А во моментов најважна, потоа ќе зборувам со претседателот и директорот. Навистина се чувствувам добро, но моја идеја се уште е да се пензионирам по Европското првенство“, изјавил Пнадев за италијанскиот „Скај спорт“.