Рома едвај успеа да извлече 1:1 реми со Аталанта во ситуација со играч повеќе, резултат кој ги остава на 10 поени од место кое води во Лигата на шампиони на само шест кола до крајот на Серија А.
Аталанта пак, се враќа на третото место на табелата со 55 поени, исто колку и четвртопласираниот Јувентус и поен зад Милан.
Руслан Малиновски ги донесе гостите во водство на „Олимпико“ по убавата асистенција од Госенс во 26. минута, но „Ла деа“ остана со играч помалку во 69. минута, кога токму Госенс доби втор жолт картон. Веќе во 75. минута, Брајан Кристанте израмни на 1:1.