Горан Пандев, пред два дена, влезе во историјата на Серија А. Со двата гола против Беневенто, Пандев стана еден од 80 фудбалери, кои постигнале 100 и повеќе голови во Серија А.
На Пандев и неговиот рекорд, му поклони и еден од највлијателните спортски медиуми во Италија, „Газета дело Спорт“. Новинарот, Франческо Пиетрела, го нарече 38-годишниот Пандев, Хајлендер.
„Сто гола на 468 натпревари во Серија А, со Макеоднија ќе настапи на ЕУРО. Пандев е младост која повеќе не постои. Од слаломот против Канаваро и Турам и голот против Буфон, сите убави моменти во дресот на Анкона, Лацио, Интер, Наполи и сега Џенова. Гранде Пандев од Македонија“.
Горан Пандев во 2001 година од Беласица се пресели во Интер, до 2004 година играл како позајмен фудбалер во Специја и Анкона, периодот од 2004 до 2009 година го мина во Лацио, а потоа се врати во Интер. Со Интер во 2010 година ја освои триплета, од 2011 до 2014 го носеше дресот на Наполи. Единстевената сезона која ја мина надвор од Серија А е 2014/15 кога го носеше дресот на Галатасарај. Од 2015 година е во Џенова.