Top Sport

Судојче Цајтунг: Путин преку Абрамович ја забрани Суперлигата

Проектот европска Суперлига, кој настана преку ноќ и експресно згасна, предизвика земјотрес во фудбалскиот свет. Зад овој прокет, застанаа три шпански (Реал, Атлетико, Барселона), три италијански (Јувентус, Интер, Милан) и шест англиски клуба (Челси, Арсенал, Тотенхем, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул).

Официјално, проектот пропадна откако Челси и Манчестер сити, под притисок на навивачите се повлекоа, а по нивните стапки, во вторникот, тргнаа и останатите клубови од Англија. Во средата, преку соопштенија, учеството го откажаа Атлетико Мадрид, Интер и Милан.

Германскиот „Судојче Цајтунг“, денес пишува дека за пропаста на Суперлигата е најзаслужен рускиот претседател Владимир Путин. Овој извор тврди и дека главниот финансиер не бил Џеј-Пи Морган. Една од најмоќните финасиски институции во светот, според „Судојче Цајтунг“, била само посредник, помеѓу галвниот финансиер (Саудиска Арабија) и европската Суперлига.

Откако, клубовите објавија дека ја формирале Суперлигата, сопственикот на Челси, Роман Абрамович, добил повик од Русија, односно од претседателот Путин, да го откаже учеството.

Путин сметал дека новата лига нема да биде добра за Газпром, кој е главен спонзор на Лигата на шампиони фудбалскиот клуб Зенит. Исто така, рускиот претседател сметал дека новата лига ќе го намали угледот што го има во фубалскиот свет, во пресрет на финалето на Лигата на шампиони чии домаќин во 2022 година ќе биде Санкт Петербург.

Русите сакаат уште еднаш да му покажат на светот дека се добри домаќини, како што тоа беше случај со Светското првенство во 2018 година.

Исто така Путин не бил задоволен кога дознал дека кралското семејство до Саудиска Арабија ќе ја финансира Суперлигата, а не Џеј-Пи Морган.

Поради финансиерот од лигата веднаш потоа се откажа и Манчестер сити, чии газда е шеикот Мансур од Обединетите Арапски Емирати.

Поради вмешаноста на саудискиот принц Мохамед бин Салман, во Суперлигата, ПСЖ во ниту еден момент не размислувале да се приклучат на овој проект. ПСЖ е сопственот на Катар.

Катарскиот емир не сакал да има ништо со Саудска Арбија, држава која Катар го држи во политичка блокада.

Scroll to Top