Top Sport

Гигс нема да ги предводи Велшаните на Евро 2020

Велшката фудбалска асоцијација потврди дека нивниот селектор, легендата на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс нема да го предводи тимот на Европското првенство ова лето откако денеска беше обвинет за напад на неговата поранешна девојка на крајот на 2020, за што може да добие петгодишна затворска казна.

„Велшката фудбалска асоцијација по одлуката на обвинителите да покренат обвинение против Рајан Гигс, може да потврди дека Роберт Пејџ ќе ја преземе улогата на селектор на тимот за Европското првенство ова лето, а негов помошник ќе биде Алберт Стујвенберг. Асоцијацијата нема да дава дополнителни коментари“, се вели во соопштението.

Пејџ го заменуваше Гигс по неговото апсење во ноември 2020, предводејќи го тимот до влегувањето во Лига А во Лигата на нации и стартот на квалификациите за СП во 2022 година.

Гигс играше во Манчестер јунајтед од 1990 до 2014, постигнувајќи 114 гола во 672 натпревари.

Рајан Гигс обвинет за напад на поранешната девојка, му се закануваат 5 години затвор

Scroll to Top