Top Sport

Чеферин: Реал, Барса, Јуве и Милан или ќе се откажат од Суперлигата или нема да играат ЛШ

Иако Извршниот комитет на УЕФА засега не одреди казни за клубовите од Европската Суперлига по хаотичната недела во европскиот фудбал, претседателот на УЕФА, Александер Чеферин во интервју за „Асошиејтед прес“ вели дека преостанатите четири клуба кои јавно е се откажаа од проектот мора да го направат тоа инаку им следува сспензија.

Реал Мадрид, Барселона, Јувентус и Милан, засега се немаат откажано од проектот и покрај повлекувањето на шесте англиски клубови (Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул, Арсенал, Челси и Тотенхем), но и јавното повлекување на Атлетико Мадрид и Интер.

„Кристално е јасно дека клубовите ќе мораат да одлучат дали се во Суперлигата или се европски клубови. Ако кажат дека се Суперлига, тогаш нема да играат Лига на шампиони, секако. Ако се подготвени на тоа, тогаш нека играат во своите натпреварувања“, вели Чеферин по пропаста на Суперлигата за само 48 часа.

УЕФА уште ги разгледува опциите за казни на вклучените клубови.

„Чекаме да видиме што ќе кажат легалните експерти, но секој си сноси последици за своите одлуки. За мене многу е различна ситуацијата со клубовите кои кажаа дека направија грешка и се повлекоа од проектот. Другите знаат дека проектот е мртов, но најверојатно не сакаат да веруваат во тоа. Ќе видиме што ќе се случи следната недела, што можат да направат лигите, федерациите и УЕФА“, додава Чеферин.

УЕФА не ги казни „бунтовниците“, барем засега

Scroll to Top