Top Sport

Џенова ја реши Специја, ВАР му поништи гол на Пандев

На стадионот „Луиџи Ферарис“ Џенова и Специја денеска го одиграа мечот од 33. коло во Серија А.

Домашните славеа победа со 2-0, а капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев беше стартер на мечот и играше се до 56 минута.

Во првиот дел, кој заврши 0-0 Пандев постигна гол, во 28 минута, но по ВАР асистенција судијата го поништи погодокот.

Пандев беше на вистинското место по една одбиена топка, ја погоди мрежата, но голот беше поништен поради прекршок на Дестро врз голманот Проведел.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк
Во второто полувреме токму замената на Пандев – Џанлука Скамака во 63 минута го доведе тимот предводен од Балардини во водство од 1-0.

Уште еден резервист, Шомуродов во 86 минута со својот погодок го постави конечниот резултат на мечот.

Џенова е многу блиску до опстанок во лигата, затоа што во моментов има 8 бода повеќе од екипите кои се загрозени со преселба во Серија Б.

Специја останува на 33 бода и е во понеповолна позиција од денешните противници.

Scroll to Top