Германскиот шампион Баерн Минхен има 10 поени предност на врвот на табелата во Бундеслигата пред најблискиот конкурент, Лајпциг, па попладнево си дозволи пораз од 2-1 на гостувањето кај екипата на Мајнц.
Буркарт и Гаисон во првиот дел донесоа предност од 2-0 за домашните, а Левандовски кој се врати по повредата во 94 минута успеа да постигне почесен гол за својот тим.
Мајнц со денешните бодови се одлепи од зоната за испаѓање, сега има 34 на 12. позиција.
Дербито во Волфсбург им припадна на гостите од Дортмунд. Борусија со 2-0 славеше против домашните благодарение на расположениот Ерлинг Халанд. Норвежанецот најпрво во 12 минута донесе предност од 1-0, а во второто полувреме, во 68 минута погоди за конечни 2-0. Интересно е тоа што „милионерите“ стигнаа до трите бодови иако од 59 минута играа со човек помалку. Црвен картон заработи Белингем.
Борусија со денешниот триумф се доближи само на бод до четвтопласираниот Ајнтрахт кој е на позиција која води во ЛШ идната сезона.
На останатите мечеви од ова коло во Бундеслигата, Унион Берлин на свој терен со 3-1 го совлада Вердер Бремен, а Фрајбург и Хофенхајм ги поделија бодовите, 1-1.