Top Sport

Атлетико „потопен“ во Билбао, четири клуба во „мртва“ трка за шпанската титула!

Атлетик Билбао стигна до 2:1 победа над лидерот во шпанската Ла лига, Атлетико Мадрид, за уште повеќе да ја искомпликува трката за титулата во Шпанија, за на пет кола пред крајот ништо да не е јасно во борбата на топ 4.

На само пет натпревари до крајот на сезоната (шест за Барселона), Атлетико останува лидер со 73 поени, пред Реал Мадрид и Барселона со 71, а по 2:1 победата над Гранада, тука е и Севилја на Хулен Лопетеги со 70 поени! До крајот на шампионатот ниту еден од овие клубови нема право на кикс, а интересно веќе на 8 мај, Атлетико ја пречекува Барселона, за следниот ден, Реал Мадрид да игра со Севилја во мечеви кои можеби ќе бидат одлучувачки.

Победничкиот гол на мечот падна многу рано, кога веќе во осмата минута, кога Алехандро Беренгер ја затресе мрежата на Јан Облак, и до крајот на мечот, одбраната на баскискиот клуб оддолеа на нападите до 77. минута, кога Стефан Савиќ израмни на 1:1. Но, тука не беше крајот, во 86. минута Ињиго Мартинез да ја обезбеди победата за Атлетик.

ЛА ЛИГА, 33.КОЛО

Севилја – Гранада 2:1

Атлетик Билбао – Атлетико Мадрид 2:1

Scroll to Top