Богдан Богдановиќ и Јусуф Нуркиќ блескаа изминатата ноќ во НБА лигата. Богдановиќ ја предводеше Атлнта со победата над Милвоки Бакс, додека Нуркиќ не успеа да и помогне на Портланд да го избегнат поразот од Мемфис Гризлис.
Атланта Хокс забележаа победа над Милвоки 111:104. Хокс во последната четвртина, во која прв пат го презедоа водството (85:84), постигнаа 41 поен.
До 34 победа во сезоната, тимот го предводеше, Богдан Богдановиќ со 32 поени. Тој постигна поен повеќе од најефикасниот играч на Милвоки, Јанис Адетокумбо.
Портланд не успеаја да го победат Мемфис. Нуркиќ блескаше во серијата 15:0, со која Портланд дојде до предност од три поени, но немаше голема помош од соиграчите. Мемфис на крајот во пенал завршницата славеа 120:113. Репрезентативецот на БиХ, за 29 минути, забележа 16 поени и 19 скокови.
Резултати:
Шарлот-Бостон 125:104
Бруклин-Финикс 128:119
Портланд-Мемфис 113:120
Вашингтон-Кливленд 119:110
Атланта-Милвоки 111:104
Орландо-Индојана 112:131
Голден стејт-Сакраменто 117:113