Менаџерот на Манчетсер сити, Пеп Гвардиола, најави дека клубот дополнително ќе инвестира во нови играчи, во летниот преоден рок.Тој вели дека без клубот ќе донесе најмалку уште тројца фудбалери.
„Невозможно е да се игра на начин на кој ние го правиме тоа и да се победува на начин како што тоа го прави Манчестер сити без играчи од топ класа. Во денешно време топ фудбалерите чинат многу пари. Некогаш не прашуваат дали во Барселона и Баерн ќе победував да немав такви играчи? Не. Тоа е невозможно. Потребни ни се пари за да бидеме константно на високо ниво. Без пари само чудо може да ви донесе врвни резултати, а јас не сум способен да го направам тоа“, рекол Гвардиола.
Се шпекулира дека „граѓаните“ би можеле да потрошат и до 600 милиони евра во летниот преоден рок. Примарна цел на Гвардиола е да донесе по еден дефанзивец, централен играч од средниот ред и крилен напаѓач.
Медиумите веќе направија листа на потенцијални засилувања на која се Ријад Марез, Тома Лемар, Фред, Јулијан Вајгл, Ѓан Мишел Сари, Жоргињо и Тоби Алдервејрелд.
Белгискиот репрезентативец барем засега е најреална опција бидејќи одбил да го продолжи договорот со Тотенхем.