Top Sport

„Без Суперлигата не можеме да им конкурираме на клубовите-држави“

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, не може да го прежали неуспехот што го доживеа Суперлигата. Перез, не се откажува и продолжува да ги истекнува негативните финансиски ефекти за неговиот клуб од неуспехот на овој проект.

Со пропаѓањето на Суперлигата, според Перез, пропаднале и шансите Реал во блиска иднина да ги реализира трансферите на Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

„Мбпае и Халанд? Без Суперлигата не можеме да го донесеме. Никој не може да ги донесе, не само ние“, рекол Перез.

„Без Суперлигата финансиски не може да им се конкурира на клубовите-држави“.

Со оваа изјава тој го впери прстот во ПСЖ, чии сопственик е државата Катар.

Scroll to Top