Top Sport

За Нејмар ова неговата „најсреќна“ сезона, блиску е до нов договор со ПСЖ

Неполна година откако јавно изјавуваше дека сака да се врати во Барселона, Нејмар вели дека е среќен во Пари Сен-Жермен и дека преговорите за нов договор се при крај. Бразилецот има договор со „светците“ до јуни 2022 година, но вели дека нема грижи за трансфер.

„Разговараме со ПСЖ, нема никаков притисок. Работите се речиси средени. Се чувствувам добро и многу среќно тука во ПСЖ. Едвај ги чекам и фановите, да ги поздравиме на стадионот. Се надевам дека ќе ја имаме нивната поддршка“, вели Нејмар.

Тој стана најскапиот фудбалер на светот во 2017 година, кога Пари Сен-Жермен платија 222 милиони евра да го откупат неговиот договор од Барселона, и оттогаш има 84 гола во 109 меча, освојувајќи три француски титули во низа, а оваа година заостануваат само еден поен зад лидерот Лил.

Главната цел на сите во Париз, секако е трофејот од Лигата на шампионите, откако лани загубија во финалето од Баерн Минхен, а оваа година се во полуфиналето против Манчестер сити.

Scroll to Top