Сопствениците на Арсенал, Стен Џонс и Џош Кронке, не размислувале за продажба на клубот.
„Целосно сме му посветени на клубот, 100 отсто. Не продаваме дел од акциите. Не сме добиле ниту една понуда, не размислуваме на на таа тема“, соопштиле газдите на Арсенал.
Оваа изјава на Џонс и Кронке е наменета за шведскиот бизнисмен, Даниел Ек, кој изразил покажал желба да го купи клубот. Тој побарал и добил поддршка од легендите на Арсенал, Патрик Виера и Тиери Анри.
Навивачите на Арсенал, не се задоволни од начинот на кој што функционира клубот. Во петокот, 1.000 фанови, побараа од газдите да го напуштат клубот.