Нико Ковач беше потврден како тренер на Баерн за следната сезона, нешто што не беше добро прифатено од луѓето на неговиот сегашен тим Ајнтрахт Франкфурт, а атмосферата кај „орлите“ сигурно ќе се влоши по тешкиот 4:1 пораз од Баер Леверкузен.
Ајнтрахт имаше 1:1 на полувремето по головите на Јулијан Брант (во 20. минута за Баер) и Марко Фабијан (во 23. минута за Ајнтрахт), меѓутоа во второто полувреме на сцена стапи Кевин Фоланд, откако германскиот напаѓач постигна хет-трик за „фармацевтите“.
Победата беше клучна во борба за пласман во Лигата на шампионите – Баер се на четвртото место со 41 поен, додека Франкфурт се шести со 46 поени, сега израмнети со Хофенхајм, кои со 2:0 практично ги пратија Хамбургер во втората Бундеслига првпат во историјата на клубот од северна Германија.
БУНДЕСЛИГА, 30.КОЛО
Баер Леверкузен – Ајнтрахт 4:1
Херта – Келн 2:1
Хофенхајм – Хамбургер 2:0
Штутгарт – Хановер 1:1
Фото: ЕПА