Top Sport

Спречена трагедија во Шпанија! Ласад колабираше на тренинг!

Напаѓачот на шпанскиот третолигаш Толедо, Ласад Нуиуи, кој во кариерата играше и за Селтик и за Депортиво Ла Коруња е во болница откако колабираше на теренот при тренинг сесија во саботата, потврдија од шпанскиот клуб.

„Играчот ја загуби свеста на теренот и откако доби медицинска помош беше однесен во болница. Брзата реакција на неговите колеги и на брзата помош беа клучни во стабилизирањето на фудбалерот. Тој ќе остане во болница во следните 48 часа“, се вели во известувањето на Толедо.

32-годишниот Ласад одигра 107 натпревари за Депортиво во Ла лига и Сегунда од 2008 до 2012, а за Селтик имаше 17 настапи во 2012/13, освојувајчи ја Шкотската Премиер лига.

Неделниот меч на Толедо против Кастилја е одложен.

Scroll to Top