Top Sport

Вардар на пат кон Втората лига

Фудбалерите на Вардар полека ги губат шансите во борбата за опстанок во Првата македонска лига. Попладнево, Вардар, загуби во Велес, од Борец со 2:0. Во оваа рунда важна победа забележа Силекс, Ренова не успеа да победи кај „Пандевци“, дербито во Струга помеѓу домаќинот и Шкупи заврши без голови, а новиот шампион Шкендија славеше во Скопје против Работнички со 5:3.

Вардар, не успеа да избори поволен резултат против Борец. Екипата од Велес забележа победа од 2:0 со головите на Мишов во 15. и Адили во 81.минута.

Во долниот дел од табелата, по денешното 29.коло, а пред одигрувањето на последните три рунди во најдобра позиција се фудбалерите на Борец.

Резултати:

Академија Пандев-Ренова 1:1
Работнички-Шкендија 3:5
Борец-Вардар 2:0
Беласица-Силекс 1:3
Македонија ЃП-Пелистер 3:0
Струга-Шкупи 0:0

Табела: 1. Шкендоја 71, 2. Шкупи 56. 3. Македонија ЃП 51, 4. Струга 48, 5. Работнички 41, 6. Пелистер 38, 7. Борец 36, 8. Академија Пандев 35, 9. Силекс 35, 10. Ренова 32, 11. Вардар 31 , 12. Беласица 17.

Фото/fkvardar.mk

Scroll to Top