Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека немал намера да покаже непочитување кон Рома по изјавата дека „не го познава тимот“, и секако потсетувањето на славниот 7:1 триумф во 2006 година.
Јунајтед ја пречекува Рома на „Олд Трафорд“ утре во првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите.
„Тоа го изјавив веднаш по натпреварот и само ми олесна дека влеговме во полуфинале. Сакав да кажам дека сум ги гледал, но дека не сум ги анализирал добро за да им дадам вистинска почит. Рома е фантастичен клуб. Уште ги имам дресовите на Франческо Тоти и Даниеле де Роси. Сега, направивме анализа и подготвени сме, и не сакав да покажам непочитување“, вели Солскјер.
Тој се потсети и на 7:1 победата.
„Се сеќавам добро на двата натпревари, бидејќи бев стартер во првиот. Прво загубивме со 2:1, а потоа беше таа магична ноќ. Алан Смит беше фантастичен и покажавме што може Јунајтед. Сакам таков меч повторно“, изјави тренерот.