РБ Лајпциг преговараат за да го добијат американскиот тренер Џеси Марш од сестринскиот Ред бул Салцбург како замена за Јулијан Нагелсман, откако Баерн Минхен потврди дека тој е нивниот нов тренер од следната сезона.
Портпаролот на Салцбург, Кристијан Кирхер потврди дека почнаа преговорите, откако германскиот „Кикер“ објави дека веќе постои договор за личните услови на 47-годишниот Американец.
Марш има договор со Салцбург до 2022 година, а во Лајпциг би имал своевиден камбек бидејќи беше помошник на Ралф Рангник во тимот пред во 2019 да замине во Салцбург.