Top Sport

Ниту на Куман не му се верувало дека Барса ќе се бори за титула

Тренерот на Барселона, Роналд Куман признава дека не очекувал неговиот тим да биде во трката за шпанската титула по слабиот старт на сезоната.

Каталонците во моментов се на третото место во Ла лига, со ист број на поени со второпласираниот Реал Мадрид, но со помала гол-разлика, а можат да стигнат на првото место со победа над Гранада во четврток во заостанатиот натпревар.

Ова е апсолутен пресврт за Барса, кои заостануваа 10 поени зад Атлетико на шестото место на почетокот на 2021. Оттогаш, тие имаат 15 победи во 17 меча, со единствен пораз против Реал Мадрид во „Ел класико“.

„Сега е многу важно да се победи бидејќи сме во момент во кој знаеме дека можеме да бидеме лидери. Но, одиме натпревар по натпревар. Ако погледнете наназад, ова е неочекувана ситуација. Заостанувавме многу и не очекувавме шанса да се бориме за титулата. Но, морате да признаете дека 15 победи во 17 меча е нешто импресивно“, вели Куман.

Scroll to Top