Рафаел Надал имаше победнички кам-бек на тениските терени, откако помогна Шпанија да ја победи Германија во четврт-финалето, победувајќи во своите два меча, и сега неговиот тренер, уште еден поранешен број 1, Карлос Моја го спореди Шпанецот со Лео Меси.
Надал ќе има тешка задача да ги одбрани сите поени собрани од минатогодишната сезона на земја, додека сигурно ќе биде дел од шпанскиот состав кој ќе се судри со Франција во полуфиналето во септември, и Моја вели дека тоа е најголемата предност.
„Покрај мотивацијата и тимскиот дух, кога си блиску до Рафа веднаш чувствуваш помалку притисок. Речиси имаш гаранција дека тој ќе ги добие своите два сингл меча, и затоа неговите колеги можат да се послободни. Би го споредил со влијанието кое го има Лео Меси во Барселона“, вели Моја.
Прашање е колку ваквата споредба ќе му се допадне на Надал, кој е познат како страсен навивач на Реал Мадрид и покрај тоа што доаѓа од Мајорка, каде што се зборува каталонски, а неговиот чичко Мигуел Надал играше во Блауграна.