Мохамед Салах го постигна својот 30. гол во Премиер лигата оваа сезона, за да се одвои на пет пред својот најголем ривал за „златната копачка“, Хери Кејн од Тотенхем, додека Ливерпул стигна до лесна 3:0 победа над Бурнемаут.
Садио Мане уште во 7. минута од мечот донесе предност за „Црвените“, а тој резултат беше актуелен сѐ до 69. минута, кога Арнолд-Александер упати одлична топка кон Салах во шестнасетникот, а Египѓанецот реагираше одлично и со глава го лобуваше гостинскиот голман Асмир Беговиќ. Роберто Фирмино стави печат на добриот ден со гол во 90. минута.
Salah’s header to make it his 30th goal of the season ?? but what a pass from Trent ☄️?pic.twitter.com/uqyduHnaLH
— Isbaa Akhtar (@isbaaakhtar_lfc) April 14, 2018
Со победата се комплетира фантастичната недела за Ливерпул, откако со 2:1 ги победија Манчестер сити во реваншот од четврт-финалето на Лигата на шампионите. Ливерпул останува на третото место со 70 поени, еден помалку од Манчестер јунајтед (кои играат утре), но и со три поени пред Тотенхем, кои подоцна гостуваат кај Манчестер сити.