Баерн Минхен откако минатата недела ја запечати титулата од Бундеслигата ,стигна до импресивна 5:1 победа во тоа што некогаш беше дерби против Борусија Менхенгладбах.
Јосип Дрмиќ уште во шестата минута ја шокираше публиката на „Алијанц арената“, но тоа беше сѐ што направија „ждребињата“. Сандро Вагнер со два брзи гола во 37. и 41. минута обезбеди Баерн да замине на полувреме со предност од 2:1, пред во второто полувреме Баварците целосно да доминираат.
Тијаго Алкантара во 51. минута, Алаба во 68. и Роберт Левандовски во 82. минута уште еднаш покажаа дека во Германија нема тим кој може да се спротистави на „баварската машина“, која освои шест титули во низа, а ќе игра и во мега-дуелот од полуфиналето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Фото: ЕПА