Top Sport

Депај повторно „блескаше“ за Лион (видео)

Мемфис Депај повторно беше најдобриот играч на Лион, предводејќи ги до петта победа во низа во француското првенство со 3:0 триумф над Амиен.

Холандскиот ас прво асистираше на најдобриот стрелец на Лион, Маријано Диаз во 30. минута,по што самиот стрелаше во 86. минута, за две минути подоцна Бертран Траоре да го постави конечниот резултат.

Со резултатот Лион го зголеми притисокот кон Марсеј во борба за третото место на табелата и место во Лигата на шампионите. Марсеј, кој има три поени помалку од Лион, во недела гостува на Троа.

На врвот на табелата Пари Сен-Жермен во недела може да стане шампион ако ги совлада актуелните носители на титулата, Монако во големото дерби. Доколку Монако загуби, тимот од кнежевството ќе остане на само 4 поени пред Лион.

Scroll to Top