Top Sport

Шпанците открија зошто Куман доби црвен картон

Барселона, синоќа, доживеа шокантен пораз од Гранада (1:2). Мачис и ветеранот Хорхе Молина направија пресврт на „Ноу Камп“, откако Барса во првото полувреме водеше со голот на Меси.

Барселона ја пропушти шансата да ја преземе лидерската позиција во Ла Лига од Атлетико Мадрид.

Веднаш по голот на Мачис за 1:1, црвен картон доби тренерот на Барселона, Роналд Куман.

Шпанските медиуми, открија зошто судијата Фуертес го исклучил Куман. Во записникот напишал дека Куман неколку пати бил предупреден за своите коментари, а откако на четвртиот судија, по една одлука на Фуертес, му се обратил со: „Каков лик“, главниот судија го исклучи од натпреварот.

Поради црвениот картон, Куман нема да ја предводи Барселона во Валенсија.

Scroll to Top