Top Sport

„Јувентус и Роналдо раскинаа, но и понатаму живеат заедно“

Тиражниот италијански весник „Газета дело Спорт“, во денешното издание пишува дека наближува крајот на љубовта помеѓу Јувентус и Крстијано Роналдо. Овој извор, тврди дека Португалецот му наложил на својот менаџер, Жорге Мендеш, да му бара нов клуб, и покрај тоа што има уште една година од договорот со „старата дама“.

„Љубовта“ на Роналдо кон клубот и соиграчите пукнала по елиминацијата од Порто во осмина-финалето, во Лигата на шампионите.

„Газета дело Спорт“, пишува дека неговата фрустрација влијае врз неговата форма. Португалецот не постигнал гол на последните три натпревари

„Јувентус и Роналдо раскинаа, но и понатаму живеат заедно“, пишува „Газета дело Спорт“.

Кристијано Роналдо се поврзува со Манчестер јунајтед, но за да биде реализиран овој трансфер тој ќе мора да се согласи на дупло помала плата од онаа што ја добива во Јувентус.

Scroll to Top